Кил – Барселона и Веспрем – Кјелце се полуфиналните двојки за ракометната Лига на шампиони за мажи. Денеска во Виена се одржа ждрепката за завршниот турнир кој че се игра во Келн на 18-ти и 19-ти јуни.
Актуелниот европски првак Барселона ќе игра со германски Кил, кој ќе има најмногу навивачи, па за Барса ова ќе биде како гостување и нема да им биде лесно на Каталонците. Барса и Кил играа во финале во 2000, 2010 и 2020 година. Барселона може да стане првиот клуб со 10 европски титули и прв тим кој ја одбранил титулата откако се игра по ваков формат.