Домаќинот Франција ќе игра против Холандија, а Русија ќе се сретне со Романиј, во полуфиналните дуели на Европското ракометно првенство за жени. Ова стана јасно по комплетирањето на денешните мечеви од последното коло во групната фаза.
Во мечот кој мораше да го добие, Франција убедливо ја победи Србија и се пласираше на второто место во групата А, веднаш зад Русија, која денеска ги штедеше силите и загуби од Шведска во мечот кој не им беше многу важен.
Во групата Б, Холандија ја победи Германија за радост и на Романија. „Лалињата“ завршија како први во групата, а од трите селекции кои имаат по шест бодови, второто место ѝ припадна на Романија.
Резултати од денешните мечеви: Данска – Црна Гора 24:23, Шпанија – Норвешка 26:33, Унгарија – Романија 31:29, Шведска – Русија 39:30, Холандија – Германија 27:21, Србија – Франција 28:38.
Табела на групата А: Русија 8, Франција 7, Шведска 5, Црна Гора 4, Данска 4, Србија 2 бода.
Табела на групата Б: Холандија 8, Романија 6, Норвешка 6, Унгарија 6, Германија 4, Шпанија без бодови.