Познати противниците на Македонија во квалификациите за ЕП 2024

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година. Нашата репрезентација е во групата 5, каде што се најдоа и селекциите на Шпанија, Литванија и Азербејџан.

Според составот на групата, избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе имаат добра шанса да бидат дел на уште едно големо натпреварување. На континенталниот собир, пласман ќе обезбедат најдобропласираните од сите групи, како и четирите најдобропласирани во оваа квалификациска фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести