Познати половина од екипите за во нокаут фазата, а со какви шанси се клубовите за останатите осум места?

Екипите на Пари Сен Жермен, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Тотенхем, Јувентус, Манчестер сити, Барселона и Лајпциг ќе играат без многу притисок во последното коло од Лигата на шампиони бидејќи веќе си обезбедија место во нокаут фазата.

Ако во А и Б групите се познати двете првопласирани, во Е и Х групата нема ниту еден сигурен тим. Ливерпул, Наполи и Салцбург се борат за двете места во Е групата, додека во Х групата „мртва трка“ ќе водат Ајакс, Валенсија и Челзи.

Интер со победа над Барселона во последното коло ќе го задржи второто место пред Борусија Дортмунд, а Атлетико Мадрид сам си решава на свој терен против „отпишаниот“ Локомотив Москва. Шахтер на гости ја победи Аталанта и во последното коло треба тоа да го повтори на свој терен за да биде меѓу најдобрите 16 екипи.

Зенит сам си решава, но мора да победи на гости кај Бенфика, додека Лион дома игра против веќе обезбедениот Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести