Октомвриските возбудувања во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година завршија, а веќе се познати дури 28 селекции кои ќе бидат дел од планетарниот собир. Мундијалот во САД, Канада и Мeксико ќе биде прв на којшто ќе учествуваат дури 48 репрезентации, што значи ќе биде најголем досега.
Остануваат уште 20 слободни места за оние кои сакаат да бидат дел од Мундијалот, а интересно е дека од Европа само Англија е со официјално обезбеден пласман. Тоа значи дека во Европа има уште 15 слободни места. Три места се слободни од селекциите кои се дел од Средна Америка, а две позиции се резервирани за селекциите кои ќе учествуваат на интерконтиненталните плејоф-баражи.
🌐 WC 2026 lineup (as of 14 Oct):
✅ Hosts (3): 🇺🇸🇲🇽🇨🇦
🌏 AFC (8): 🇯🇵🇮🇷🇺🇿🇰🇷🇯🇴🇦🇺🇶🇦🇸🇦
🌍 CAF (9): 🇲🇦🇹🇳🇪🇬🇩🇿🇬🇭🇨🇻🇿🇦🇨🇮🇸🇳
🌎 CONCACAF (3): ❔❔❔
🌎 CONMEBOL (6): 🇦🇷🇧🇷🇪🇨🇺🇾🇵🇾🇨🇴
🌏 OFC (1): 🇳🇿
🌍 UEFA (16): 🏴❔❔❔❔❔❔❔❔❔❔❔❔❔❔❔
🧩 IC Playoffs (2): ❔❔— Football Meets Data (@fmeetsdata) October 14, 2025