Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени четирите групи за Купот на Македонија.
Бранителот на трофејот, Вардар, е во третата групата заедно со екипите на Пролет, Голден Арт и Радовиш.
Актуелниот шампион Е. Пелистер е во четвртата група, каде што се наоѓаат и екипите на Скопје, Охрид и Куманово.
Лидерот на табелата Алкалоид пак е во групата 2, каде што се уште и Бутел, Вардар Неготино и Струга.
Во групата 1 се екипите на Е. Пелистер 2, Тиквеш, Мулти Есенс и Прилеп.
Според пропозициите, ќе се игра по системот првата со четвртата екипа од групата и втората со третата и само победниците ќе обезбедат пласман во полуфиналето.
Натпреварите ќе се играат на 23 и на 24 март.