Вкупно 15 земји ќе имаат барем по еден свој претставник во групната фаза од Лигата на шампионите во новата сезона која што следи. Шпанија е рекордер со пет преставника (Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Мадрид, Реал Сосиедад и Севиља), додека по четири екипи имаат Англија, Германија и Италија.
Португалија е со три претставника, Франција и Холандија имаат по два тима, а по еден тим имаат Австрија, Шкотска, Србија, Швајцарија, Турција, Украина, Белгија и Данска. Групите од ЛШ ќе бидат познати на 31 август, а ждрепката ќе биде во 18 часот.
Има четири барабани со по осум екипи, а според правилата, две екипи од иста земја не може да се паднат во иста група, но, секако, се очекуваат многу интересни групи.
🚨 Official: 2023-24 Champions League pots.
The draw, tomorrow. 👀 pic.twitter.com/O9NJoEIEEN
— Madrid Xtra (@MadridXtra) August 30, 2023

