Вардар е во подредена улога за финалето против Веспрем, барем кога се работи за коефициентите. Sport Life ги објави коефициентите за мечот кој ќе реши за титулата европски ракометен првак. Победа на Вардар вреди коефициент 3,00, додека за триумф на Веспрем, коефициентот е 1,55. За нерешено по 60 минути во финалето, коефициентот е 9.
Колку за потсетување, Вардар беше аутсајдер и во полуфиналето против Барселона. Коефициентот за „црвено-црните“ беше 6,25, но Вардар покажа шампионски карактер и го елиминираше првиот фаворит за златото. Многумина имаше кои типуваа на победа на Вардар против Барселона, па тие вечерва имаат двојна причина за славје.
Останува Вардар утре да направи уште еден подвиг и да се радува на втората европска титула !