Аргентина и Франција ќе играат во финалето на Светското првенство во Катар, додека Хрватска и Мароко ќе се борат за третото место на планетарниот собир. Овие четири селекции останаа до крајот на Мундијалот, а борбата за трофејот ќе биде вистински спектакл.
Од една страна, Лионел Меси со Аргентина повеќе од 35 години мечтаат за светската круна, а од друга страна, Франција предводена на Килијан Мбапе ќе се обиде да стане само третата селекција која го одбранила тронот.
Веднаш по завршување на дуелот Франција – Мароко, во Sport Life веднаш се појавија и коефициентите за големот финале, но и за дуелот за трето место. Интересно е дека во финалето речиси и да се исти квотите за победа на еден од двата тима.
За „кец“ на Аргентина коефициентот е 2.80, а за „двојка“ на Франција квотата е 2.75. За нерешено, коефициентот е 3:10, што е најава за возбудливо финале.
Хрватска ќе треба да биде фаворит во дуелот против Мароко во дуелот за третото место.