Реал Мадрид против Манчестер сити и градските ривали Милан и Интер во меѓусебна пресметка ќе решаваат за тоа кои ќе бидат двете екипи што ќе ја имаат честа да играат во Истанбул, во финалето од Лигата на шампиони.
Во Sport Life веќе се познати квотите за тоа какви се шансите за четирите екипи да се најдат во финалето. Реал Мадрид е најтрофеен и актуелен првак, но според коефициентите, Кралскиот клуб делува дека е аутсајдер против Манчестер сити. Англискиот тим кој никогаш не бил европски првак, а има само едно финале, има квота од 1.45 дека ќе игра во финалето. Реал Мадрид да биде финалист се вреднува со коефициент од 2.80.
Многу е поизрамнето на градското дерби, а мала предност се дава на Интер. За Нераѕурите да бидат во финалето квотата е 1.80, додека шансите на Милан се вреднуваат со 2.05.
Тука е и понудата за првите мечеви на кои домаќини ќе бидат Реал и Милан. Кралскиот клуб и на „Сантијаго Бернабеу“ се смета за послаб од Сити, додека Милан има минимална предност пред Интер, затоа што најголем дел од фановите на „сан Сиро“ ќе бидат во црвено-црна боја.