Со натпреварот меѓу Србија и Турција (90-95) во Рига вечерва беше комплетирана групната фаза во групата А на Евробаскет, а по овој дуел станаа познати и првите четири двојки за осминафиналето, бидејќи денеска се одиграа и последните натпревари во групата Б.
По жестока борба и неизвесен резултат во текот на сите 40 минути, Турција покажа повеќе концентрација во финишот и славеше со 95-90, со што го обезбеди првото место во групата А. Србија ќе продолжи понатаму од втората позиција.
Познати се двојките за осминафиналето: Турција – Шведска, Србија – Финска, Германија – Португалија и Литванија – Летонија
Сите четири натпревари ќе се одиграат во сабота.