Познати се шеширите за ЕП: Фаворитите во првиот, Италија изненадувачки во последниот (Фото)

Откако и официјално заврши групната фаза од квалификациите за Европското првенство, познати се и шеширите и кој од каква позиција ќе ја очекува ждрепката која ќе се одржи на втори декември во Хамбург.

Во првата квалитативна група сосема очекувано се најдоа дел од фаворитите, и тоа: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија и Англија.

Најголемо изненадување во вториот шешир е репрезентацијата на Албанија, на која друштво ќе ѝ прават и Унгарија, Турција, Романија, Данска и Австрија.

Во третиот шешир се најде бронзената репрезентација од последното Светско првенство, Хрватска, но и Холандија. Во овој шешир е уште една балканска репрезентација, Словенија, но и Шкотска, Словачка и Чешка.

Најголемото изненадување во распределбата на шеширите е Италија, која некако успеа да се протне и со реми, 0-0, против Украина да се пласира на Европското првенство. Друштво на Италија ќе ѝ прават и репрезентациите на Србија и Швајцарија, како и трите победници од плејоф-натпреварите кои ќе се одиграат во март следната година.

- Оглас -

Најнови вести