Познати се сите 64 екипи кои ќе играат во групите на ЛК и ЛЕ (Фото)

Вечерва и официјално се комплетира списокот на учесници во групната фаза во Лигата на Европа и Конференциската лига. Вкупно 64 екипи ќе имаат европска есен од 35 земји членки на УЕФА.

Во второто по ранг натпреварување ќе учествуваат клубови од вкупно 21 држава. Најмногу претставници, по три, ќе имаат Англија (Вест хем, Ливерпул и Брајтон), Франција (Рен, Марсеј и Тулуз) и Грција (Олимпијакос, АЕК и Панатинаикос).

По две екипи во групната фаза ќе имаат Италија (Рома и Аталанта), Шпанија (Виљареал и Бетис), Германија (Баер Леверкузен и Фрајбург), Чешка (Славија Прага и Спарта Прага) и Австрија (ЛАСК Линц и Штурм Грац), додека 13 земји ќе имаат само по еден претставник. Тоа се: Холандија (Ајакс), Шкотска (Глазгов ренџерс), Португалија (Спортинг Лисабон), Азербејџан (Карабаг), Норвешка (Молде), Молдавија (Шериф Тираспол), Белгија (Ројал Унион), Израел (Макаби Хаифа), Србија (ТСЦ), Швајцарија (Сервет), Полска (Раков), Кипар (Арис Лимасол) и Шведска (Хакен).

Ждрепката ќе биде извршена утре во Монако.

Во Конференциската лига ќе настапат клубови од вкупно 28 држави. Најмногу претставници ќе има Белгија, дури три (Бриж, Гент и Генк). По два претставници ќе имаат Словачка (Слован Братислава и Спартак Трнава) и Турција (Фенербахче и Бешикташ).

Останатите земји ќе имаат по еден претставник, а тоа се вкупно 25 држави, и тоа: Англија (Астон вила), Италија (Фиорентина), Холандија (АЗ Алкмар), Германија (Ајнтрахт Франкфурт), Шкотска (Абердин), Чешка (Виктори П’лзењ), Франција (Лил), Грција (ПАОК), Норвешка (Бодо Глимт), Израел (Макаби Тел Авив), Србија (Чукарички), Швајцарија (Лугано), Хрватска (Динамо Загреб), Унгарија (Ференцварош), Бугарија (Лудогорец), Украина (Зорја), Казахстан (Астана), Финска (ХЈК Хелсинки), Словенија (Олимпија Љубљана), Босна и Херцеговина (Зрињски), Фарски острови (КИ Клаксвик), Исланд (Бреидаблик), Данска (Нордсјиланд), Косово (Балкани) и Полска (Легија Варшава).

Ждрепката ќе биде извршена утре во Монако.

 

- Оглас -

Најнови вести