Мечот меѓу Барселона и Ајнтрахт Франкфурт ќе биде најинтересниот од вечерашната програма од Лигата на Европа.
По првиот четврт-финален меч, резултатот е 1:1, додека за оваа средба стратегот на Каталонците, Чави, на теренот очекувано ќе истрча со најдоброто што го има во моментов.
Во нападот се Осман Дембеле, Пјер-Ерик Обамејанг и Феран Торес, а во средината ќе бидат Педри, Бускетс и Гави.
Дефанзивната линија, покрај голманот Тер Штеген, ќе ја сочинуваат и Мингуеза, Араухо, Гарсија и Жорди Алба.
БАРСЕЛОНА: Марк-Андре тер Штеген, Жорди Алба, Серхио Араухо, Ерик Гарсија, Оскар Мингуеза, Гави, Педри, Серхио Бускетс, Пјер-Емерик Обамејанг, Феран Торес, Осман Дембеле.
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ: Трап, Хинтерегер, Н’дика, Туре, Кнауф, Јакиќ, Роде, Костиќ, Камада, Линдсторм, Боре.