Познати се составите – Гвардиола со експеримент како десен бек, Реал Мадрид го има најдоброто на теренот

Познати се составите за првиот полуфинален натпревар меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид што се игра од 21 часот.

Поради тоа што Жоао Кансело нема право на настап заради жолти картони, како и повредата на Кајл Вокер, на десната бековска позицијна ќе игра Џон Стонс.

Во средината, ќе „оперираат“ Кевин де Бројне, Бернардо Силва и Родри, додека напред се Ријад Марез, Габриел Жесус и Фил Фоден.

На голот, пак, е Едерсон, а на левата бековска позизција е Олександар Зинченко, стопери ќе бидат Рубен Дијаш и Ајмерик Лапорт.

Карло Анчелоти, пак, излезе со најдоброто што го располага во моментов, а го нема Касемиро, којшто го мачи мала повреда на мускулот, па на негово место ќе игра Федерико Валверде.

МАНЧЕСТЕР СИТИ: Едерсон, Зинченко, Лапорт, Дијаш, Стонс, Бернардо Силва, Родри, Кевин де Бројне, Фоден, Марез, Жезус.

РЕАЛ МАДРИД: Менди, Алаба, Едер Милитао, Карвахал, Модриќ, Крос, Валверде, Винисиус жуниор, Родриго, Бензема.

- Оглас -

Најнови вести