29.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Познати се термините за двобојот на Вардар и Лозана

Актуелниот освојуван на Купот на Македонија, Вардар, со победа и реми, односно со вкупни 5-2 ја елиминира Ла Фиорита од Сан Марино и обезбеди пласман во второто квалификационо коло за Конференциската лига.

Скопските „црвено-црни“ таму за противник ќе го имаат претставникот на Швајцарија, Лозана, а официјално се познати и термините за овој двобој.

Првиот меч се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на 24 јули (четврток) со почеток во 20 часот и 30 минути. Реваншот е на „Стад де ла Тулие“ во Лозана, на 31 јули во 20 часот и 15 минути.

- Оглас -

Најнови вести