Како фаворит од минатата сезона и актуелен европски вицепрвак, Тотенхем не би требало да се плаши во дуел со тим каков што е Лајпциг. Сепак, фактот дека лондонскиот тим ќе биде без Хари Кејн, Сон и Сисоко, кои се повредени, дава шанса за гостите.
Голем адут за Тотенхем може да биде и тренерот Жозе Мурињо. Португалскиот стратег е премногу искусен за вакви мечеви за да си дозволи луксуз и да киксира. Мурињо има две европски титули и навистина би било неуспех ако биде елиминиран уште во осминафиналето.
Според најавите за составите, Тотенхем ќе започне офанзивно со троца играчи во напаѓачката линија, а сигурно и Лајпциг нема многу да се брани затоа што гостите негуваат офанзивна игра.
МОЖНИ СОСТАВИ
Тотенхем: Љорис, Тангангам, Санчес, Алдервејрелд, Орие, Винкс, Ндомбеле, Ло Селсо, Али, Бергвијн, Мура.
Лајпциг: Гулачи, Ангелино, Халстенберг, Клостерман, Мукеле, Сабицер, Хајдара, Лајмер, Форсберг, Шик, Вернер.
АТАЛАНТА Е ДОМАЌИН ВО МИЛАНО
Што се однесува на мечот во Италија, Аталанта е домаќин на Валенсија, но факт е дека тимот од Бергамо сезонава ниеднаш не играше на свој терен. Поради неисполнување на условите за играње мечеви во ЛШ, не може да се игра на стадионот во Бергамо, па Аталанта е домаќин на „Сан Сиро“ во Милано.
Домаќините сигурно ќе тргнат офанзивно, во одлична форма се, но искуството и традицијата се на страната на Валенсија.
МОЖНИ СОСТАВИ:
Аталанта: Голини, Толои, Паломино, Џимшити, Хатебор, Де Рун, Фрулер, Госенс, Пашалиќ, Иличиќ, Гомес.
Валенсија: Доменеш, Вас, Дијакаби, Мангала, Гаја, Феран Торес, Кондогбија, Парехо, Карлос Солер, Гонзало Гедеш, Макси Гомес.