3.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Познати се вкупно 30 учесници за Мундијалот во САД, Канада и Мексико

Хрватска синоќа славеше со 3:1 на свој терен против Фарски острови и на тој начин Коцкестите станаа јубилејната 30 репрезентација која го обезбеди местото на завршницата на Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Мундијалот кој ќе се игра следната година ќе биде историски затоа што за прв пат наместо досегашните 32 учесници, на завршницата ќе има дури 48 национални селекции. Тоа значи дека уште 18 празни места има, од кои најголемиот дел се за селекциите од Европа.

Досега, местото на завршницата на планетарниот собир освен домаќините САД, Канада и Мексико, го обезбедија и репрезентациите на: Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зеленортски Острови, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција и Хрватска.

- Оглас -

Најнови вести