Бенфика и Ливерпул се договорија околу трансферот на Дарвин Нуњес, кој наскоро ќе стане рекордно засилување на Црвените.
Од договорената сума од 100 милиони евра, 75 милиони ќе бидат фиксни, додека 25 милиони евра се поделени во неколку бонуси. Уругвајскиот напаѓач ќе биде четврти најплатен играч на „Енфилд“ со 12 милиони евра по сезона, а договорот ќе му важи до јуни 2027 година.
Бенфика инаку ќе мора да исплати 10 милиони евра на Алмерија, која избори процент за идна продажба на Нуњес во периодот кога голгегерот се селеше во португалската метропола.
Нуњес вчера ја напушти репрезентацијата на Уругвај и се упати кон Англија за да ги комплетира медицинските прегледи, да стави потпис на договорот и да биде претставен како нова ѕвезда на англискиот вицепрвак.