Познати сите детали околу мајсторката што треба да ги реши последните енигми во Серија А

Во италијанската Серија се одиграа сите мечеви во предвидените 38 кола, но сезоната уште не е завршена. Пред почетокот на оваа сезона, Италијанците донесоа правило да се игра мајсторка доколку две екипи се борат за титула или за спас од испаѓање, а на крајот имаат еднаков број бодови.

Тоа ново правило ќе биде сефтосано со дуелот меѓу Специја и Верона, кои завршија со по 31 бод во Серија А, па една од нив ќе испадне во Серија Б заедно со Сампдорија и Кремонезе, а другата ќе остане во елитното друштво.

Мајсторката меѓу Специја и Верона ќе се игра во недела на 11 јуни, со почеток во 20:45 часот, решија челниците на Серија А. Дуелот ќе биде на неутрален терен, а домаќин на мечот кој треба да го даде последниот патник во Серија Б ќе биде стадионот на којшто игра Сасуоло, во Реџо Емилија.

Доколку беше нерешено по 90 минути, нема да има продолженија, туку веднаш ќе се шутираат пенали.

- Оглас -

Најнови вести