Комплетирани се петте кола во групната фаза, по што се познати 16-те селекции кои продолжуваат во борбата за титулата на Евробаскетот. Најголемо изненадување е фактот дека актуелниот европски првак Шпанија не успеа да заврши меѓу најдобрите четири во својата група и веќе е елиминирана.
Србија е селекцијата која е прв фаворит за трофејот, но тие веќе загубија и тоа од Турција, па како второпласирани во групата, сега ќе играат против Финска, а потоа ќе го чекаат подобриот од Грузија и Франција.
Ако поминат во полуфиналето, Србија може да добие една од селекциите на Германија, Италија или Словенија.
Во осминафиналето ќе играат: Литванија – Летонија, Грција – Израел, Турција – Шведска, Полска – Босна и Херцеговина, Германија – Португалија, Италија – Словенија, Србија – Финска и Франција – Грузија.