Репрезентацијата на Мали славеше со 1-0 против Ангола во мечот од третото коло во групите на Афкон. Со седум од можни девет бода, Мали како првопласирана селекција во осминафиналето ќе игра против Брегот на Слоновата Коска. Ангола, пак, турнирот го заврши без триумф.
Тунис со три ремија од исто толку натпревари е во осминафиналето на Афкон, каде што ќе се сретне со Гана. Нерешените резултати од 1-1 против Ангола и Мали, како и вечерашното без голови беа доволни за Тунис да се појави во нокаут-фазата.
Осминафинални двојки:
Египет – Јужна Африка, Мадагаскар – Демократска Република Конго, Нигерија – Камерун, Сенегал – Уганда, Алжир – Гвинеја, Мороко – Бенин, Мали – Брегот на Слоновата Коска и Гана – Тунис.