Познати составите: Алиоски како резерва започнува на „Енфилд роуд“, Ливерпул со моќен тим

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски не доби место во стартните 11 на Лидс, во меч од првото коло во Премиер лигата. Лидс ќе има голем предизвик затоа што гостува на „Енфилд Роуд“ кај шампионот Ливерпул.

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса реши Алиоски да го остави на клупата за резерви, иако минатата сезона токму популарниот Џани беше еден од најдобрите во составот.

Ливерпул ќе игра во речиси најсилниот состав и е голем фаворит за освојување на трите бода.

- Оглас -

Најнови вести