Тренерите на Барселона и Реал Мадрид, Ханси Флик, односно Карло Анчелоти, ги соопштија составите со кои ќе настапат во финалето на шпанскиот Куп.
Во составот на „кралевите“ забележително е отсуството на Лука Модриќ и Килијан Мбапе, кои се на клупата за резерви, а задолжени да го загрозат голот на „каталонците“ ќе бидат Винисиус, Родриго и Белингам.
Ханси Флик не може да смета на Роберт Левандовски кој е повреден, па се одлучи во офанзивата да започне со Феран Торес, Ламине Јамал и Рафиња, додека како поддршка треба да им биде Дани Олмо.