Познати се составите за реванш-натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Барселона има предност од 3-2 од првиот меч против ПСЖ, но Чави Ернандес нема да се брани и на „Монжуик“ ќе истрча со офанзивна формација, која ќе биде предводена од Левандовски во нападот, додека на крилните позиции се Рафиња и Јамал.
За ПСЖ сосема очекувано е дека Луис Енрике ќе истрча со офанзивна формација, со оглед на тоа дека ќе мора да брка негатива од првиот натпревар. Нападот на Светците е предводен од Мбапе, а тука е и поранешниот Каталонец Дембеле.
Чоло Симеоне мечот во Дортмунд ќе го започне дури со пет дефанзивци и ќе се обиде да ја сочува предноста од првиот натпревар, кога во Мадрид победи со 2-1. Од друга страна, Борусија Дортмунд мечот го започнува со засилен среден ред, кој лесно се трансформира во офанзивен.