Репрезентациите на Италија и на Аргентина го имаат епитетот на континентални владетели. Аѕурите минатата година стигнаа до златото на Европското првенство, додека Аргентина конечно ја прекина долгогодишната суша без трофеј и стигна до пехарот на Копа Америка.
Овие два фудбалски гиганти вечерва на легендарниот стадион „Вембли“ во Лондон ќе се борат за најновиот многу вреден трофеј наречен „Финалисима“.
Според тактиките на двајцата тренери, се очекува ова да биде битка на две офанзивни тактики. Италија ќе игра во формација 4-3-3, а секако дефанзивната линија треба да е главен адут за Аѕурите. На голот е Донарума, а пред него е четворката Ди Лоренцо, Бонучи, Кјелини и Емерсон. Жоржињо е лидерот во средниот ред, а во нападот опасни треба да бидат Бернардески и Белоти.
Аргентина има динамична тројка во нападот, каде што главни треба да бидат Лионел Меси, Лаутаро Мартинес и Анхел ди Марија. Во четворката во одбрана стабилност треба да дадат Отаменди, Акуња, Ромеро и Молина.