14.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Познати составите: Македонија ќе се брани, но Миовски, Елмас и Барди може да блеснат во нападот

Македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде да ја изненади Белгија на дуелот во Гент, а селекторот Благоја Милевски реши во стартниот тим на голот да биде стандарниот Столе Димитриевски.

Пред Димитриевски во одбранбената линија ќе бидат Стојчевски, Зајков, Муслиу, а по страничните линии ќе бидат Алиоски и Ашковски.

Во средниот ред се Барди, Елмас, Атанасов и Костадинов, а во нападот најистурен ќе биде Миовски.

Белгија на голот го има чуварот на мрежата на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, а во составот секако се и капитенот Де Бројне, Тросар, Доку, Салемакерс…

 

- Оглас -

Најнови вести