Познати составите: Меси и Гризман против Роналдо и Мората на „Камп Ноу“, пеколот ќе биде во Германија

Дуел на Лионел Меси против Кристијано Роналдо на „Камп Ноу“ по пауза од повеќе од две години, но овојпат Португалецот е во дрес на Јувентус, а не на Реал Мадрид. Двете екипи се сигурни во нокаут фазата, а Јувентус треба да победи во меч на кој ќе даде барем три гола, ако сака италијанскиот првак да заврши како прв во групата.

Пари Сен Жермен не остава ништо на случајноста и со Нејмар и Мбапе во нападот оди на три бода против турскиот Башакшехир, а Челзи има комбиниран состав за мечот против Краснодар на „Стемфорд бриџ“.

Од сите шест средби кои започнуваат во 21 часот, најпеколно треба да биде во Германија, каде Лајпциг го пречекува Манчестер јунајтед. Германскиот тим со победа ќе оди понатаму, додека на англискиот гигант доволно му е и еден бод за да биде сигурен дека ќе презими во елитното европско друштво.

 

- Оглас -

Најнови вести