Познати составите на Македонија и Украина: Серафимов стартер, на голот се враќа Димитриевски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски не експериментираше многу околу составот со кој ќе стартува на дуелот во Прага против Украина.

Милевски се реши на теренот од првата минута да ги испрати речиси истите оние фудбалери кои почнаа на гостувањето против Малта пред еден месец и победија со 2:0.

Три се замените. На местото на повредениот Ѓоко Зајков, стартер ќе биде Серафимов, Место Димоски по десната страна ќе биде Ашковски, а на голманската позиција се враќа првиот чувар на мрежата Столе Димитриевски.

Украина ќе биде во формација 4-2-3-1 и селекторот Ребров се реши за следниот состав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести