Познати стартните состави: Ајнтрахт со засилен среден ред, Ренџерс ќе тргне претпазливо

Ајнтрахт Франкфурт и Глазгов ренџерс со децении мечтаат за освојување на европски трофеј, а вечерва еден од овие два клуба ќе го оствари сонот. Финалето во Лигата на Европа се игра во Севилја, а веќе се познати составите на двата тима.

Според формацијата, Ајнтрахт ќе игра за да успее да создаде доминација на средината на теренот, а потоа со повеќе контрола на топката, полесно да стигне до противничкиот гол. Тренерот Оливер Гласнер се реши да започне во формација 3-4-2-1, со Колумбиецот Рафаел Боре како прва опција во нападот.

Шкотскиот гигант Ренџерс ќе тргне во формација 4-2-3-1. Тренерот Џовани ван Бронхорст верува дека ова е вистинскиот клуч да се стигне до трофејот во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести