20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Познати цифрите околу трансферот на Хаверц во Челзи

Управата на Баер Леверкузен не попушти во својата намера да изнуди 100 милиони евра од евентуална продажба на нивната млада ѕвезда Кај Хаверц и сето тоа им се исплати. Фармацевтите успеаја во намерата да ја наполнат касата со оглед на тоа дека Челзи реши да ја исплати побараната сума.

Од 100 милиони евра, 70 милиони се планирани во кеш, додека останатите 30 милиони евра ќе се поделат во одредени бонуси. Иако сумата е астрономска, веќе не е изненадување да се плаќа 100 или повеќе милиони евра за млад фудбалер, доволен пример е трансферот на Жоао Феликс во Атлетико Мадрид.

Она што на Челзи му остана да преговара во оваа зделка е да го добие Хаверц пред стартот на подготовките за новата сезона, додека Леверкузен се обидува да го задржи својот талент за преостанатите натпревари во Лигата на Европа. Во меѓувреме е изготвен договор за Германецот, за којшто наскоро ќе се обелоденат сите детали.

- Оглас -

Најнови вести