Канадскиот рапер Дрејк кој е познат како страствен обложувач и човек кој уплаќа на огромни суми, а најчесто промашува во прогнозите, рано утрово загуби 350.000 долари, бидејќи типувал на победа на Мајк Тајсон во спектаклот против Џејк Пол.
Дрејк важи за голем малер, не само затоа што често губи пари на обложување туку и затоа што им носи несреќа на спортисти со кои се фотографира и на тимовите за кои ќе каже дека навива.
Тој уплати 450.000 долари за вечерашниот боксерски спектакл, борбата за титула помеѓу Џон Џонс и Стипе Миочиќ. Дрејк уплатил на победа на Џонс со нокаут, и чека добивка од релиси 1 милион долари, со што би ја покрил загубата од вложеното на победа на Тајсон.