Остануваат уште 15-тина дена до почетокот на Светското клупско првенство, а во Sport Life веќе може да типувате кој ќе биде освојувачот.
Според квотитe, најголем фаворит е Реал Мадрид со квота од 4.50, а веднаш зад Kралевите е Манчестер сити со квота од 5.50. Интересно е тоа што главните фаворити за трофејот немаа сезона според посакуваното, па не успеаја да ги одбранат титулите во Ла Лига и Премиер лигата.
Во топ-5 фаворити се и Баерн Минхен (7.00), но и финалистите од Лигата на шампионите, ПСЖ (9.00) и Интер (10.00).
Во првите 10 фаворити се и освојувачот на Конференциската лига, Челзи со квота од 11.00, Атлетико Мадрид (15.00), Борусија Дортмунд (25.00), Јувентус (25.00) и Бенфика (35.00).
Од неевропските екипи, највисоко се рангирани бразилските Фламенго и Палмеираш со квота од по 35.00, додека Бока јуниорс има квота од 40.00.