Познато е дали Адетокумбо ќе може да му помогне вечерва на Милвоки бакс

Гркот Јанис Адетокумбо дефинитивно нема да настапи на вечерашниот шести меч (почеток во 2.30 часот по полноќ) од источното финале на НБА лигата помеѓу Атланта хокс и Милвоки бакс. Јанис кој е главен играч на Бакс, има повреда на левото колено, и неговиот тим повторно ќе мора без него да оди на победа, и нивен прв пласман во големото финале после 1974 година.

Елените се надеваат дека грчкото „чудовиште“ ќе може да игра ако евентуално има седми меч во оваа серија.

Проблеми имаат и Јастребите. Тие мора да победат ако сакаат да се изборат за мајсторка, но можно е исто како и на четвртиот и петтиот дуел, да играат без првата ѕвезда Тре Јанг.

Настапот на Јанг е неизвесен, тој уште не е фит, но мечот е многу важен за тимот, па можно е тој да стисне заби и да се обиде да помогне колку може. Истото важи и за Богдан Богдановиќ кој се повреди на петтиот меч на кој беше прв стрелец на Атланта. Српскиот бек има повреда на десното колено. Откако Хокс како домаќини играат во Атланта (од 1968 година наваму), никогаш не биле во големото финале.

- Оглас -

Најнови вести