Познато е каде ќе биде Македонија на новата ранг-листа на ФИФА, ќе има промени на врвот!

Наскоро, во текот на април, Светската фудбалска федерација ФИФА ќе ја објави првата ранг-листа за 2023 година. На таа листа, Македонија ќе биде сместена на 65-тото место, истата позиција која ја имавме и на претходното рангирање во декември.

Победите над Малта и Фарски Острови нема да ни донесат напредок на листата, но нема ниту да назадуваме и ќе имаме повеќе поени отколку на минатото рангирање.

Промени ќе има на врвот. Во декември прв беше Бразил, а сега во април на чело избива светскиот првак Аргентина, втора ќе биде Франција, додека Бразилците паѓаат на трета позиција. Аргентина беше прва во март 2017, па по шест години се враќа на чело на ранг-листата.

Во Топ 10 се уште Белгија, Англија, Холандија, Хрватска, Италија, Португалија и Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести