Познато е каде ќе игра Македонија ако се пласира на ЕП 2020!

Има две опции во која група ќе се најде македонскиот фудбалски национален тим, доколку се пласира на завршницата од Европското првенство кое се игра следното лето.

Едната варијанта (75 проценти се шансите) е да бидеме во групата Ц во Амстердам и Букурешт, каде ќе играат Холандија и Украина, а другата опција (25 проценти) е да се најдеме во групата Ф која ќе се игра во Минхен и Будимпешта. Засега во таа група е само Германија, другите два тима ќе се знаат на 30 ноември.

Дали ќе играме во групата Ц или Ф, ќе одлучува баражот од Лига А. Доколку на ЕП се пласира Исланд, Бугарија или Унгарија, тогаш Македонија оди на мегдан со Холандија, Украина и уште еден. Ако на ЕП оди Романија, тогаш ќе играме против Германците во Минхен, а против некои други во Будимпешта или Минхен.

СО КОСОВО ОД 20.45 ЧАСОТ, СО БЕЛОРУСИЈА ИЛИ ГРУПА ВО 18

Одредени се и сатниците за баражот. На 25 март, полуфиналниот дуел во Скопје против Косово ќе се игра со почеток во 20.45 чачсот. Во случај на победа, Македонија оди во Грузија или Белорусија, а таму гостувањето ќе биде од 18 часот. Значи, 31 март околу 20 часот, може да ни донесе голема радост и историски успех за македонскиот фидбал, и спорт воопшто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести