Познато е како ќе изгледаат специјално изработените маички за македонските навивачи во Вадуц (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе има голема поддршка од Фалангата. Најавено е дека околу 1.500 навивачи ќе бидат на стадионот во Вадуц и тие треба да бидат дополнителна сила за Македонија да стигне до победа во првиот меч од квалификациите за СП 2026 година.

Даден е апел фановите да бидат облечени во црни маички и само со шал и знаме да се бодри нашата репрезентација.

Пред стадионот ќе биде поставен и штанд на кој ќе се продаваат специјално изработени црни маички, а собраните средства ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани.

- Оглас -

Најнови вести