Познато е како Нејмар повторно ќе стане нов играч на Барселона

Пари Сен Жермен утре ќе стартува во походот на одбрана на титутлата во домашното првенство, а од првата ѕвезда во тимот, Нејмар, нема ни трага ни глас. Бразилецот речиси сигурно нема да биде во составот за дуелот против Ним, во кој летово потпиша Влатко Стојановски.

Фокусот на Нејмар е само еден, како летово да направи трансфер во Барселона. Шпекулациите велат дека Реал Мадрид сакал да се вмеша во целата приказна, па дури и дека му понудил 40 милиони евра по сезона, но Нејмар одбил. Во ПСЖ се свесни дека тешко ќе го задржат Нејмар, па сега се прават комбинациите за тоа како е најдобро да го продадат.

Најчесто споменуваната опција е Барселона да плати 50 милиони евра, плус во ПСЖ да ги прати Филипе Кутињо и Нелсон Семедо. Кутињо е играч од кого Барселона сака да се ослободи, иако за него платија 160 милиони евра пред две сезони. Семедо ќе дојде како бонус во целиот договор.

 

- Оглас -

Најнови вести