Познато е кога ќе играат Интер и Хетафе во Лигата на Европа

Интер и Хетафе требаше да играат во март, во рамките од осминафиналето од Лигата на Европа, но фактот дека токму Италија и Шпанија беа двете најпогодени земји од Коронавирусот, тој меч се одложи, а потоа започна и целосното одложување на средбите во Европа.

Претседателот на Хетафе, Анхел Торес откри дека добил информација од УЕФА за тоа кога треба да се играат тие мечеви против некогашниот италијански и европски првак.

„Од УЕФА ни соопштија дека мечевите од осминафиналето против Интер ќе ги играме на почетокот на август. Во првиот меч на 2 или 3 август ќе гостуваме во Милано, а на 6 или 7 август ќе играме на нашиот стадион. Доколку еден од двата стадиони не биде обезбеден целосно, тогаш постои опција некоја од средбите да се игра на неутрален терен“, откри Торес.

- Оглас -

Најнови вести