Првото дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром само за тие што ќе бидат во салата

Седмото коло од кошаркарското првенство ќе го донесе и првото вечно дерби за оваа сезона помеѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром. Според распоредот, дуелот е закажан за в недела, во салата „Градски парк“, од 18 часот. Сите љубители на кошарката кои сакат да го проследат дербито, ќе мора да присуствуваат во салата бидејќи најавено е дека нема да има ТВ-пренос од мечот на најтрофејните кошаркарски клубови.

По шест одиграни кола, шампионот МЗТ има пет победи и еден пораз, додека Работнички е со четири триумфи и два неуспеха.

Пред дуелот во „Градски парк“, тимот од Аеродром е фокусиран на утрешниот дуел против Широки Бријег во салата „Јане Сандански“, во рамките од осмото коло во регионалната АБА 2 лига. И МЗТ и Широки имаат по пет победи и два порази сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести