Францускиот голгетер Килијан Мбапе во текот на наредната недела ќе потпише договор со Реал Мадрид. Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата се очекува во периодот од трети до петти јуни да го стави потписот на договор со Кралскиот клуб.
Мбапе ќе дојде како слобиден играч од ПСЖ, откако неговиот актуелен договор истекува летово. Голгетерот ќе потпише договор, но дури за еден и пол месец ќе биде преставен како ново големо засилување за Кралскиот клуб.
Според најавите, Мбапе нема да дојде во Реал пред да заврши Европското првенство. Мбапе со Франција се меѓу главните фаворити за златото, па токму затоа од национаната селекција воопшто не сакаат фудбалерот да размислува на клупските обрски, туку целосно да биде фокусиран на националниот состав.
Мбапе неодамна си купи куќа во Мадрид каде може целосно да се ужива. Вилата се протега на 1.200 квадратни метри, има седум спални соби и дури 11 бањи. Во вилата има специјален терен за фудбал, кошарка и голф, како и куќно кино и место за дури шест автомобили.