Познато е кого гледаше Мурињо во Подгорица

Присуството на португалскиот стручњак Жозе Мурињо на средбата Црна Гора – Србија изненади многумина, а според српските медиуми, Специјалниот не дошол во главниот град на Црна Гора само затоа што бил поканет од Предраг Мијатовиќ, туку сакал во живо да види еден фудбалер.

Се шушкаше дека Мурињо му фрлил око на Сергеј Милинковиќ-Савиќ, во кого можеби гледа наследник на незадоволниот Пол Погба, но Португалецот всушност дошол по Никола Миленковиќ.

Немања Матиќ не настапи, но Мурињо добро го познава Матиќ бидејќи работи со него и идејата му била да се запознае со дефанзивецот на Фиорентина.

Младиот Миленковиќ со добрите игри се наметна како лидер на одбранбената четворка и во клубот и во националниот тим. Доколку Миленковиќ заврши во Јунајтед, ќе ги следи стапките на Немања Видиќ, кој остави длабока трага на „Олд Трафорд“, а во последните сезони беше и капитен на славниот клуб.

 

- Оглас -

Најнови вести