Познато е кои пет репрезентации нема шанси да бидат во иста група со Македонија за ЕП 2026

Македонската машка ракометна репрезентација го продолжува континуитетот со настапи на големи натпреварувања откако вчера во Скопје се избори за место на Европското првенство во 2026 година. Македонија го победи директниот ривал Литванија за голема радост на навивачите во преполната сала „Јане Сандански“.
Од 2012 година, Македонија е дел од сите европски и светски шампионати, нешто со кое може да се пофалат мал број на земји. Од синоќа се познати сите учесници на континенталниот собир кој ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска, а Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди барабаните пред ждрепката која е закажана за в четврток.

Според рангирањето, Македонија ќе биде во третиот барабан, каде што ќе бидат и селекциите на Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска. Тоа значи дека овие селекции не може да бидат во иста група со Македонија.

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДААТ ЧЕТИРИТЕ БАРАБАНИ
1 барабан: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
2 барабан: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови
3 барабан: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
4 барабан: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина
Ждрепката е закажана за во четврток, а Македонија ќе добие противник од шеширите 1,2 и 4.
- Оглас -

Најнови вести