Кристијано Роналдо сепак ќе го носи неговиот омилен дрес со бројот 7 по враќањето во редовите на Манчестер јунајтед. Седумката ја имаше Единсон Кавани, но Уругваецот се согласи да му го отстапи тој дрес на Роналдо, и да го земе дресот со бројот 21, кој досега го носеше Даниел Џејмс.
Џејмс прејде во Лидс, па Кавани немаше проблем да го земе бројот 21, иако сезонава во Премиерлигата веќе имаше настап со седумката на грбот, поради што Црвените ѓаволи требаше да побараат специјална дозвола од Премиерлигата за менување на броевите.