Реал Мадрид се наоѓа во голема резултатска криза и се почесто се зборува и за тренерска смена. Според шпанските медиуми, Чаби Алонсо добил ултиматум од раководството на клубот, па евентуален кикс против Алавес во недела, ќе значи и отказ.
Шпанскиот новинар, Ману Карено, тврди дека веќе се знае и кој ќе го наследи Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид, а тоа треба да биде тренерот на Кастиља, втората екипа на „кралевите“, Алваро Арбелоа.
Тој се споменуваше и како можно привремено решение по заминувањето на Карло Анчелоти, но „кралевите“ тогаш се одлучија веднаш да го постават Чаби Алонсо и тој да ги предводи на Светското клупско првенство во САД.
Арбелоа беше во Реал Мадрид во два мандати како фудбалер, од 2002 до 2005 и од 2009 до 2016 година, а од 2020 година е дел од академијата на „кралевите“.

