Едната кошаркарска легенда си заминува од клупата на МЗТ Уни банка, како што се вика вториот тим на Металците, а кормилото го презема друга легенда, истотака член на славната генерација која пред 25 години го победи Реал Мадрид.
После серијата порази, Перо Блажевски веќе не е тренер на младите Штркови, а за нов тренер е назначен Борис Нешовиќ кој досега му беше прв помошник на Блажевски.
За Нешовиќ ова е второ искуство како прв тренер во домашното првенство откако пред една деценија беше шеф на стручниот штаб на Торус. Дебито на Нешовиќ ќе биде викендов против Куманово.