Познато е колкава плата ќе има Мбапе во Реал Мадрид

Францускиот весник „Ле Паризиен“ објави дека ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, налето ќе потпише за Реал Мадрид, а сега ја откри и платата која напаѓачот ќе ја има во Кралскиот клуб.

Според весникот, Мбапе и претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, чекаат вистински момент за да ја објават оваа вест и најверојатно тоа ќе биде на крајот од сезоната, кога ќе биде познат учинокот на ПСЖ во сите натпреварувања.

„Ле Паризиен“ пишува дека само за потпис на договорот со Кралевите, Мбапе ќе добие бонус од 120 милиони евра, а платата би му изнесувала 50 милиони евра бруто, но ќе има и големи бонуси за настапи, за постигнати голови и за освоени трофеи. Исто така Мбапе ќе има и бонуси од продажба на дресови и сувенири со неговото име.

Напаѓачот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе пристигне како слободен играч бидејќи договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната и веќе од први јануари имаше право да преговара за заинтересираните екипи.

- Оглас -

Најнови вести