Протекоа информациите колку би заработувал Лео Меси доколку се врати во Барселона налето. Речиси сигурно договорот помеѓу него и ПСЖ нема да биде продолжен, а сега како најголеми фаворити се Ал-Хилал од Саудиска Арабија и, секако, Барселона.
Понудата на “кралскиот“ клуб од Саудиска Арабија е веќе позната и тоа би било најголемиот договор во историјата на спортот, а Меси треба да избере дали ќе се одлучи за парите или ќе го послуша срцето и ќе се врати на „Камп ноу“.
Барселона му нуди двегодишен договор според кој би заработил „само“ 25 милиони евра со можност доколку Меси сака тој да биде прекинат уште по првата сезона.