Манчестер јунајтед пред само 14 месеци му плати на Спортинг Лисабон 15 милиони евра за да го ослободи Рубен Аморим, од кого се очекуваа чуда во редовите на „црвените ѓаволи“.
Сепак, Португалецот го напушта „Олд Трафорд“ по нешто повеќе од една година, но со полни џебови. Аморим имаше годишна плата од седум милиони евра, а во договорот немаше клаузула за попуст при евентуален отказ, па Манчестер јунајтед ќе мора да му го исплати целиот договор, а важноста му беше до 2027 година.
Тоа би значело дека Рубен Аморим си заминува од Манчестер јунајтед со преку 10 милиони евра во џеб и тоа само за периодот до крајот на договорот, без да се смета она што веќе го заработил.
Португалецот на „Олд Трафорд“ со себе доведе и пет помошни тренери, па и на нив сега ќе треба да им бидат исплатени комплетните договори.

