Претседателот на Интер Мајами, Хорхе Мас, во разговор за американските медиуми откри колку ќе изнесува платата на Лео Меси, но и најави нови засилувања во екипата.
– “Неговиот договор ќе изнесува помеѓу 50 и 60 милиони долари годишно, а за целиот овој процес потрошив три години. Последните години постојано бев во комуникација со Лео и неговиот татко. Бев сигурен дека ќе го доведеме Меси во САД.“ – изјави Хорхе Мас, претседателот на Интер Мајами.
Тој во продолжение од интервјуто најави дека ќе доведат уште неколку засилувања, ги спомена Серхио Рамос и Жорди Алба, но и Луис Суарес за кого рече дека ќе биде речиси невозможно да го доведат поради клаузулата во договорот со Гремио.
Сумата која денес беше откриена, а треба да ја заработува Лео Меси е неколкукратно помала од таа што му беше понудена од Саудиска Арабија, каде требаше да заработи 1.2 милијарди евра за три години.